За нас

Кои сме ние

Поддршка на луѓето да го достигнат својот потенцијал преку различните програми што ги нудиме.

Научете нешто секој ден

Мојата цел е на заинтересираните лица кои сакаат да се образуваат или веќе се стручна работна сила да им отворам долготрајна перспектива за иднина во Германија. Оттука произлегуваат нови шанси за компаниите и моите партнери за соработка во однос на кадровскиот развој.

Georg Schiel
основач
Signature Image
Нашата визија

кои сме ние

„Полесно се постигнуваат цели кога ги решавате со мали чекори!"

Создавајте и понудете песрспективи за луѓето!

Ова е мотото кое за мене (Georg Schiel) беше водилка уште пред повеќе од две децении. После војните во земјите на поранешна Југославија, јас зедно со германски партнери ги придружував луѓето при нивното враќање во регионите од кои доаѓаат и отворив нови перспективи за нив.

Сега веќе една деценија соработувам со германски компании. Откако во улога на координатор го изградив проектот за соработка ZAV (Централна канцеларија за посредување во странство и професионално вработување при сојузната Агенција за труд) и GIZ ( Друштво за меѓународна соработка) ,, Triple Win’’ за посредување при вработување на стручна работна сила во областа на нега на лице место во Босна и Херцеговина и Србија во изминативе години се разви оваа компанија преку моите самостојни дејности во активна соработка со соработници и партнери.

Мојата цел е на заинтересираните лица кои сакаат да се образуваат или веќе се стручна работна сила да им отворам долготрајна перспектива за иднина во Германија. Оттука произлегуваат нови шанси за компаниите и моите партнери за соработка во однос на кадровскиот развој.

Германија како земја за доселување е сеуште млада. Затоа регулативите и законските одредби постојано се менуваат и редовно се прилагодуваат. Како давател на услуги редовно се информирам за сите промени и барам стручно мислење од агенцијата за вработување и од надлежните институции.

Бидејќи седиштето на фирмата се наоѓа во Ерфурт во центарот на зеленото срце на Германија по потреба можам да стигнам за неколку часа до било кој регион на Германија.

Барања/ Бирократија

Заедно ги исполнуваме сите неопходни барања за влез во Германија.

Сместување

Нашите партнери го наоѓаат првичното сместување за почеток во Германија.

Информации

Им даваме опширни информации и совети на нашите клиенти како да се ориентираат во новото секојдневие во Германија.

Македонски јазик