Вашиот пат до Германија

Долгорочна перспектива во Германија имате само како квалификувана работна сила =стручна работна сила.

Стручна работна сила во смисла на германскиот закон станувате со

завршување на квалификувано образование во Германија:

Во Сојузна Република Германија во моментов постојат околу 330 стручни професии. Информации и упатства за поединечни професии можат да се најдат во базата на податоци на Сојузната агенција за работа: www.berufenet.arbeitsagentur.de

Продолжи: како лица кои се образуваат

или

со признавање на квалификации стекнати во татковината во Германија (што се нарекува и нострификација)

Ова признавање е често комплицирано , во многу случаи дури и невозможно.

Признавањето на дипломите за високо образование е одговорност на надлежните факултети, а во случај на државно регулирани дипломи надлежни се соодветните служби. Прва адреса на која треба да се обратите е Централната канцеларија за странско образование (https://www.kmk.org/zab/zentralstelle-fuer-auslaendisches-bildungswesen.html ). Сертификатот од ова тело често е доволен за да се вработи во приватниот сектор или во граѓанскиот сектор.

Кај многу стручни квалификации (ССС) тешкотијата лежи во фактот што германскиот дуален образовен систем е релативно единствен поради високиот удел на пракса во образованието. Од друга страна не постои споредлива германска стручна квалификација за секоја странска стручна квалификација. За признавање на квалификација надлежни се:

  • Државни управи во случај на државно регулирано образование
  • Комора на занаетчии како и индустриско-стопанската Комора во случај на образование кое е во делот на одговорност на стопанството

Продолжи: како стручна работна сила

Македонски јазик