како да стигнете до Германија

како стручна работна сила

Работи како специјалист во Германија

Што значи стручна работна сила?

Стручна работна сила во германска смисла на зборот значи дека поседувате германско свидетелство за завршено образование за професија односно признаена диплома за високо образование/ универзитет.

  • Актуелни понуди (области и покраини): Бараме стручна работна сила за следниве партнери:
    • Медицинска сестра:
      • Клиниката Хајнрих Браун Цвикау во Западна Саксонија
      • за општинска болница и установа за нега во Хесен
    • физиотерапевти (само универзитетска диплома)
      • За физиотерапевтски практики во Рајнланд-Пфалц и Баден-Виртемберг

Наши услуги: По налог на нашите партнери за соработка Ви нудиме поддршка во сите административно-технички прашања:

  • Bо процесот на аплицирање
  • При поднесување на барање за признавање,
  • При поднесување на барање за виза.

Активно ве советуваме и ве придружуваме во процесот на изучување на германскиот јазик во тесна соработка со Гете-институтот. Јазичното ниво Б 1 (во исклучителни случаи А 2 во консултација со работодавачот) е барем потребно за да може да се работи како специјалист.

Нашите партнери секако дека ќе Ви помогнат и при барање на стан.

Дали сте заинтересирани за образование кај еден од нашите партнери во Германија? Тогаш информирајте се кај нас:

Македонски јазик